Земјотрес ги разбуди скопјани
Земјотрес со магнитуда од 2,6 степени по Рихтеровата скала е регистриран утрово во 08. 03 часот во скопското епицентрално подрачје.
Епицентарот на земјотресот, според Европсккиот-медитерански сеизмолошки центар бил на шест километри источно од Скопје, на длабочина од четири километри.
Во Македонија утрово покрај земјотресот во Скопје, регистриран е уште еден земјотрес во охридското епицентрално подрачје.
Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет соопшти дека земјотресот во Охрид е со Рихтерова магнитуда од 2,1 и е почуствуван во 02.26 часот. Земјотресот е со епицентар на 10 километри источно од Охрид.