Земјите од Западен Балкан поканети на самит на ЕУ


Дел од западните медиуми денеска објавија дека група од 12 земји-членки на ЕУ сака шестте земји од Западен Балкан да учествуваат на годишните самити на ЕУ пред да се приклучат кон Унијата.

Австрија, Чешка, Естонија, Ирска, Италија, Литванија, Летонија, Малта, Полска, Словенија, Словачка и Унгарија сакаат на самитите на ЕУ да учествуваат и лидерите на западнобалканските држави.

Нивниот предлог е предаден на Европска комисија кон крајот на јануари, а се бара министрите од Западен Балкан да учествуваат на состаноците ма ЕУ кои се однесуваат на заштита на животната средина, здравство, сообраќај и надворешна политика.

Во исто време приштинските медиуми објавија дека документот во кој се опишува стратегијата на Европска унија за проширување најмногу е насочена кон Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина, но не и за Косово, објавија денеска приштинските медиуми.

Весниците „Зери“ и „Газета“ наведуваат дека документот, што треба да биде претставен утре, „не постои стратегија за Косово“ и оти земјата се спомнува само во контекст на дијалогот со Србија.

Весниците потенцираат дека во Стратегијата се посочува дека Србија и Црна Гора се во фокусот и планирано е во 2025 година да станат членки на ЕУ, додека Албанија и Македонија преговорите треба да ги отпочант во 2019 година, а четири години подоцна и БиХ