Зголемена фрекфенција на граничните премини


Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.
Од 01.07.2018 година започна со примена времениот режим на сообраќај во летниот период.
На државните патишта во Република Македонија за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури се забранува движење на возилата чија вкупна маса преминува 15 тони.
На магистралниот пат А2 делница Скопје-Охрид-Скопје за време на викендите се забранува движење на возила над 7,5 тони.