Заев: Слушањето на пресудата беше трауматичен момент за мене
Премиерот Зоран Заев денеска на во Кривичниот суд во Скопје ја слушна пресудата за случајот „Поткуп“. Судот одлучи да го ослободи од одговорноста и во читањето на пресудата судијата Дарко Тодоровски наведе дека јавниот обвинител не успеа да докаже дека обвинетиот го сторил делото што му се ставаше на товар.
– Ова беше трауматичен момент за мене. Но, среќен сум што успеав да докажам дека сум невин, имавме доволно докази – рече Заев по излегувањето од Судот.