Завршува јавниот увид и пријавувањето на иселениците за референдумот
Јавниот увид во Избирачкиот список и пријавувањето на иселениците за гласањето на референдумот на 30 септември завршува вечер на полноќ.
До вчера напладне беа пријавени вкупно 2.060 пријави граѓани за гласање во Дипломатско-конзуларните претставништва на Република Македонија во странство. Како што соопшти ДИК, од пријавите, 2019 се прифатени, 38 се одбиени, а останатите пријави се во обработка. Најголем број пријави се доставени за гласање во Љубљана – 172, во Лондон – 114, во Торонто – 111, Канбера 88 итн.Најмал број пријави поднесени се за гласање во Киев и Приштина – по една пријава, и Њу Делхи, Каиро и Доха – по две пријави. Онаму каде што ќе има помалку од десет пријавени нема да се спроведе гласање. Иселениците кои се пријавиле за гласање на референдумот во ДКП-та, нема да можат да се изјаснат во Македонија доколку допатуваат во земјата. Гласањето во странство ќе се спроведе на 29 септември.