ЕК препорача Македонија да ги почне преговорите за членство во ЕУ


Европската комисија препорача Македонија да ги почне преговорите за членство во Европската унија, соопшти попладнево на прес-конференција еврокомесарот Јоханес Хан, презентирајќи го извештајот на напредокот на земјата.

Препораката се базира на направената длабока анализа. Сторено е многу и тоа треба да биде пофалено, а ЕУ треба соодветно да одговори на тие напори, рече Хан.

Еврокомесарот порача рефорите да продолжат – во јавната админситрација, борбата со корупцијата и организираниот криминал, а особено во судството.

Истакна дека политиката за проширување на ЕУ носи резултати, а земјите од Западен Балкан повторно ја потврдија својата европска иднина. Европската комисија, како што посочи, за тоа ги награди Македонија и Албанија со препорака за почнување на пристапните преговори