Евростат: Најбогатите живеат во Лондон, најсиромашните од ЕУ се во Бугарија
Жителите на западен Лондон се шестпати побогати од просечните жители на Европа, додека жителите на северозападните региони во Бугарија се трипати посиромашни, објави денеска Евростат.
Во анализата, направена според БДП по глава на жител, изразен е „стандардот на куповната моќ“, со регистрирање на разликата во цените меѓу одделни зони.
Најбогатите граѓани на ЕУ живеат во западните квартови на Лондон, каде БДП по глава на жител изнесува 611 отсто повеќе од просечниот во Унијата. Следуваат граѓаните на Луксембург (257 отсто), на југоисточна Ирска (217 отсто) како и на Брисел и Хамбург (по 200 отсто).
На долниот дел од класификацијата, со 29 отсто од просечниот БДП е бугарскиот севрозападен регион. Од 21 регион со БДП по глава на жител под 50 отсто од просечниот за ЕУ, пет се во Бугарија и Полска, четири во Унгарија, три во Романија и во Грција и еден во Франција, објави денеска Евростат.