„Диско треска“ за Василица во МОБ


Гала концерт по повод празникот „Василица“ насловен како „DISCO FEVER“, оваа година ќе и приреди на публиката вистинско и незаборавно уживање со изборот од најдобрите диско хитови од 70′ години во целосно нови симфониски аранжмани.

Македонската опера и балет, со огромно задоволство најавува „Диско треска“ на 12 и 13 јануари со почеток во 20 часот.