Димитров на економскиот форум во Делфи, Грција
Како што соопшти МНР, на покана на основачот и претседател на Delphi Economic Forum, а под покровителство на претседателот на Хеленската Република, Прокопис Павлопулос, Димитров, вечер ќе се обрати на централниот настан на Форумот, кој оваа година тематски е посветен на „Предизвикот на инклузивниот раст“. Покрај министерот Димитров, во рамките на пленарната сесија свое обраќање ќе имаат и премиерот на Грција, Алексис Ципрас, шефот на диполоматијата на Кипар, Никос Христодулидис, потпретседателот на Владата на Романија, Ана Бирчал и министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ.
Министерот Димитров е првиот претставник на високо ниво од нашата земја кој ќе учествува на Форумот, чија цел е преку обединување на светските лидери да го продлабочи разбирањето на прашањата и предизвиците кои влијаат на глобалната заедница, Европската унија, поширокиот Медитерански регион, како и на Југоисточна Европа.
На маргините на настанот, предвидено е шефот на македонската дипломатија да оствари и повеќе билатерални средби, наведуваат од МНР.