Детето што беше прегазено во Ѓорче Петров е во стабилна состојба


Во стабилна состојба 10-годишното детенце кое вчера беше удрено од возило во движење на улицата „Борис Сарафов“ во општина Ѓорче Петров, информираат од Клиниката за неврохирургија.

Детето има скршеница на главата, крварење во мозокот и повреда на рамото, е контактибилно и во стабилна состојба и е оценето дека нема потреба од операција.

Според полицијата, сообраќајната несреќа се случила синоќа околу 19 часот, кога возило „Опел астра“ со скопски регистарски таблички удрило во детето.

Пред помалку од еден месец на истата лица беше прегазено друго дете, што предизвика револт кај граѓаните. Жителите на Ѓорче Петров најавија дека денеска ќе продолжат со протест што го започнаа синоќа и дека повторно ќе ја блокираат улицата.