Дал 1.000 евра да му купат лекови, останал и без пари и без лекови
Маж од Ропотово, пријавил дека штипјанец му зел 1.000 евра за да му купи лекови од Бугарија, но тој му ги зел парите, а лекови не му донесол.
Во средата, во 18.40 часот во Полициската станица Штип, С.В.(49) од село Ропотово, општина Долнени, пријавил дека бил измамен од лицето З.И.(57) од Штип.
Според пријавеното, во февруари 2019 година С.В. му дал на З.И. 62.000 денари за да му набави лекови од Бугарија. З.И. ги зел парите и се обврзал дека за пет дена ќе ги набави лековите. Исто така, според пријавеното, до денот на пријавување, С.В. неколку пати се обидел да контактира со З.И., но не успеал да го најде, по што заклучил дека е измамен.
Се работи на расчистување на случајот.