Годишна изложба на ДЛУМ во Мала станица
Во Мала станица е отворена годишната изложба на Друштвото на ликовните уметници на Македонија. Изложени се дела на 73 автори-членови на ДЛУМ од цела Македонија, а на отварањето беа избрани и добитниците на наградите за сликарство, вајарство и графика. Годинава за сликарство е награден уметникот Игор Таневски, наградата за вајарство ја доби Филип Фидановски, додека за графика признанието отиде во рацете на Бурхан Ахмети.
Годишните или ревијалните изложби на македонските ликовни уметници отсекогаш претставува голем културен настан кој со задоволство е проследен од љубителите на уметноста. Од ДЛУМ додаваат дека нема македонски ликовен уметник кој не учествувал на тие ревијални изложби, почнувајќи од првата таква изложба во 1945 година, па се до денес.