(ВО ЖИВО) Путин пристигна во Белград


Претседателот на Русија, Владимир Путин, пристигна на аеродромот „Никола Тесла“ во Белград. Тој беше пречекан од српскиот претседател Александар Вучиќ со почесната воена гарда.

Путин слета во 13.06 часот, а еден час пред рускиот претседател на белградскиот аеродром слета авионот со руската делегација.

Поворката со претседателите на Србија и Русија, Александар Вучиќ и Владимир Путин, се упати кон Гробиштата на ослободителите, што ќе биде прва точка на посетата на Путин на Белград.