Внукот што си ја уби баба си, испратен на лекување
Дваесетгодишното момче од Драчево што си ја уби баба си, е испратен на Психијатриско лекување и чување во здравствена установа. Обвинителството утврдило дека во моментот на извршување на злосторството, тинејџерот бил непресметлив како резултат на акутно психичко растројство поради трајна душевна болест. Крвавиот настан се случи на 10 декември во семејната куќа.
„Тој и нанел повеќе убодни рани со нож, а една засецна рана во пределот на вратот довела до брзо губење крв и била смртоносна. Извршителот потоа сам се пријави во полициска станица и призна дека ја лишил од живот неговата баба“, соопшти Обвинителството.