ВМРО-ДПМНЕ: Павле Богоевски ја манипулира јавноста


СДСМ тоне во своите лаги и се обидува заедно во бездната да ги повлече и граѓаните на Република Македонија. Тоа што Заев со договорот од Преспа му го нуди на македонскиот народ е капитуалција од невидени размери. Без свое минато и историја македонскиот народ нема ниту иднина, а токму на ова Димитров се согласи кога го стави својот потпис во Преспа, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
„Павле Богоевски ја лаже и манипулира целата македонска јавност. Во договорот јасно стои дека македонскиот јазик ќе биде единствениот јазик кој во Обединетите Нации ќе биде запишан со фуснота, за разлика од тоа како е запишан во моментов. Македонското државјанство ќе биде заменето со граѓани на Република Северна Македонија. Се менуваат и меѓународните кодови и кратенки. Оние останати државни симболи за кои тој говори дека ќе останат непроменети се оние кои СДСМ во минатото веќе ги промени. И додека устите им се полни со ЕУ и НАТО и европските вредности, во реалност прават се спротивно на вредностите за кои наводно се залагаат. Користење на службено возило за патување на годишен одмор не преставува европска вредност. Шетање по кафеани на високи претставници на Министерството за одбрана со армиски хеликоптери не е одлика на земја кандидат за членка на НАТО. “, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.