ВМРО-ДПМНЕ: Владата на Заев стана поим за партизација, непотизам и нечесно работење


 

СДСМ ја киднапира Република Македонија и со неа се однесува како да е приватна фирма на Заеви, сметаат во ВМРО – ДПМНЕ.

„Колку чини едно нарачано политичко обвинение? Колку чини едно нарачано политичко барање за притвор или одземање на патна исправа? Цената ја откри Зоран Заев. Цената е предлагање на сестра на специјалниот јавен обвинител, Катица Јанева за заменик претседател во Комисијата за хартии од вредност. Криминалниот картел на власт предводен од Зоран Заев стана поим за непотизам, партизација и нечесно работење“, соопштија од партијата.

Според ВМРО – ДПМНЕ, со ваквата кадровска политика, Заев и Јанева ја ставаат под знак прашалник и независноста на работењето на Комисијата од хартии за вредност.