Влада: Исклучените од парно нема да плаќаат паушал
Домаќинствата кои се исклучени од централното греење во Скопје следната година ќе бидат ослободени од плаќање на паушалот, што во моментов го плаќаат, информира денеска Владата.
Проблемот со кој се соочуваат граѓаните Владата предвиде да го реши во рамки на новиот предлог Закон за енергетика, се наведува во владиното соопштение.
Во подзаконските акти на Законот за енергетика што ќе се воведе во текот на 2018 година се предвидени специфични решенија, со кои во рамките на законската регулатива ќе се реши оваа наследена ситуација, се додава во соопштението.