Пендаровски: На 27 април ВМРО-ДПМНЕ подготвуваше државен удар


Кандидатот за претседател од владејачката СДСМ, Стево Пендаровски синоќа во студиото на ТВ21 рече дека јасна била целта на ВМРО-ДПМНЕ за време на 27. април. Тој вели дека од ВМРО-ДПМНЕ подготвувале државен удар.
„Јасно е дека стануваше збор за државен удар кој го подготвуваа, го планираа и го изведоа највисоките структури на власта. Мислам дека последниве апсења и мерки кои ги презедоа спрема поранешниот спикер на парламентот, јас мислам дека не е исклучена можноста и спрема поранешниот премиер, јасно покажуваат дека врвот на власта беше со намера да оневозможи мирен трансфер на власта“, изјави Пендаровски.