Бродот на радоста се закотви во скопската зоолошка


 Забавен брод  е поставен на брегот на езерото во скопската Зоолошка градина.
„Обично бродовите асоцираат на разделба и заминување, но нашиот ќе се вика Брод на радоста, бидејќи никогаш нема да отплови. Наместо тоа, опремен со вистински јарболи, лизгалки и играчки ќе биде место каде што децата ќе може бесплатно да се забавуваат.
Бродот е со должина од 10 метри, а широчина од 5 метри и е донација од донатори и спонзори на ЗОО Скопје.