БиХ: Пешак со 4,6 промили алкохол во крвта „исклучен од сообраќај“


Во градот Козлук, кај Зворник, полицијата „исклучила од сообраќај“ човек во видно алкохолизирана состојба, пишува Индекс.хр.

Имено, според хрватскиот портал, станува збор за 49-годишен маж кој пијан пешачел по главниот магистрален пат. Кога му било измерено нивото на алкохол во крвта, дрегерот покажал дека има 4,46 промили.

На пример, човек со четири промили алкохол во крвта се смета дека е во алкохолна кома, што во превод значи дека една личност испила повеќе од еден литар алкохолни пијалаци.

Мажот подоцна бил идентификуван како Шемсо Б. Полицијата го забележале во неделата наутро, како се тетерави по магистралниот пат. Веднаш бил алкотестиран, што најчесто се прави на возачи, а тестот покажал дека е целосно пијан.

Шокирани од резултатите, полицајците одлучиле Шемсо да го „исклучат од сообраќај“.