Албанија со закон ќе врши „чистка“ во полицијата


Албанската Влада усвои Предлог-законот, кој предвидува проверка на 13.000 полициски службеници и припадници на Националната гарда во земјата.

Албанскиот заменик министер за внатрешни работи Јулијан Ходај изјави дека властите сакаат да ги согледаат професионалните и личните карактеристики на вработените, за да ги „отстранат оние кои се вмешани во криминал, корупција или не се професионалци”.

Тестирањето ќе се однесува и на судиите и обвинителите во Албанија.

Борбата против организираниот криминал и особено против трговијата со дрога е клучен предизвик за Албанија. Земјата е членка на НАТО од 2009 година и доби статус на кандидат за членство во ЕУ во 2014 година. Тирана се надева да започне преговори за пристапување кон ЕУ оваа година