Активирани мерките за превенција од поплави


Институциите надлежни во делот на превенција и справување со поплави од денеска треба да спроведат активности согласно заклучоците од вчерашната седница на Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за управување со кризи.

Според информациите на Управувачкиот комитет ситуацијата е најкритична во северозападниот регион на Република Македонија, но и во Пелагониската котлина, како и во градот Скопје, каде има излевање во Зелениково и кај зградата на Фондот на ПИОМ.

Значително се зголемени водостоите на реките Вардар, Црна, Треска, Сатеска, Радика, како и на реката Пчиња. Поплавувања се регистрирани во горните текови на Вардар, Црна и реката Треска и нивните помали притоки.

Имајќи ги предвид најавите на Управата за хидрометеоролошки работи за нови врнежи од дожд во следните 24 часа, Управувачкиот комитет за справување со кризи на денешната седница донесе неколку заклучоци:

Согласно заклучоците на Упаравувачкиот комитет сите институции инволвирани во случајов треба да одржат координативни во насока на превентивно делување за спречување на поплавите.