Зуди Енузи Кока е нов директор на МЕПСО
Зуди Енузи Кока е нов директор на МЕПСО. Од државната енергетска компанија ја потврдија веста и посочија дека Зуди Енузи Кока бил досегашен шеф на кабинет на веќе разрешениот директор Сурија Рашиди. На таа функција Кока бил од јуни годинава, а за директор на МЕПСО е назначен минатата недела од страна на Надзорниот одбор.
Тоа значи дека и натаму со МЕПСО ќе раководи кадар на Алијансата за Албанците. Информациите велат дека оваа промена на директорското место во МЕПСО е резултат на внатрепартиска расправија.
Инаку, Зуди Енузи Кока директоруваше и во Јавното претпријатие Комунална хигиена, но беше разрешен од страна на градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, по вооружениот инцидентот на неговиот брат Цуфи Кока на плоштадот Скендер бег, во кој со пиштол во рацете беше регистриран од медиумите на протестот против францускиот предлог.