Зошто новиот ковид бран ги поштеди Куба, Азија и Афика?

Климата, генетиката, вакцинирањето или едноставно недистигот на тестови за Ковид 19 се причините што некои земји како да се заобиколени од најновиот бран со корона вирусот. Азија, Африка, Јужна Америка, Австралија, Нов Зеланд и Канада досега се чини дека се поштедени од разорните бранови на коронавирусот. Причините притоа се многу и различни.
Кина е позната по своите драконски мерки и масовни тестирања. Таму се затворени цели градови и населби дури и со туристи. Дополнително, земјата е на седмото место по бројот на вакцинирани лица на 100 луѓе. Веќе се администрирани 2,5 милијарди дози вакцина. Има исто така уште еден фактор што влијае на ситуацијата во Кина – земјата не користи мРНА вакцини, само оние со мртов коронавирус. Тие можеби се помалку ефикасни, но имунолошкиот одговор е многу посигурен кога вирусот мутира. Кај другите вирусот може да го заобиколи имунолошкиот одговор поради што сега Pfizer, Moderna и Johnson објавија дека им требаат сто дена за да подготват вакцини за новиот вид.И во Сингапур се потпираат на строгите мерки и вакцинирањето – земјата е на петто место по бројот на вакцинирани на 100 жители.
Африка е интересен феномен со мал број случаи, но и за ова има објаснување. Од 1,3 милијарди население во Африка, заболени се само 8,5 милиони.За експертите тоа е логично зашто таму бројот на тестови е толку мал што не се регистрира вистинскиот број на случаи на заболени. Втората причина е што мнозинството од населението живее одалечено, во мали села – ситуација која нема никаква врска со онаа во градовите во Америка и Европа. Третата причина е што просечната возраст на населението е околу 20 години, а во ЕУ на пример е над 40. Можно е специфичната клима да има свој удел исто така, бидејќи и во Европа во лето случаите се драстично намалени. Секако, научниците сакаат да знаат дали сето ова не е поврзано со некоја генетска природа и други разлики што ги прават одредени раси поотпорни на коронавирусот.
Во Индија, по разорниот бран на Делта вирусот, сега ситуацијата е помирна и бројот на пациенти драстично се намали по мај. Според некои научници, причините за ова
сузбивање на вирусниот бран е можеби промената на годишните времиња и фактот дека таму се веќе дадени 1,2 милијарди дози вакцина -главно стандардни со мртов вирус.
Во Куба ситуацијата се чини дека е под контрола, но мора да се има предвид дека земјата е број еден во светот по вакцинирана популација на 100 лица. Иако социјалистичка, Куба долги години е на врвот на листата на земји со најдобри здравствени системи. На самиот почеток на пандемијата Во Куба почнаа да работат на создавање своја вакцина место да чекаат милостина од богатите земји.