На чело на советничката листа на ЗНАМ за Скопје е генерал Горанчо Котевски


Соопштение - дизајн

 

Партијата ЗНАМ на денешната прес-конференција ги соопшти ноителите на советничките листи за претстојните локални избори во скопските општини и во градот Скопје. Портпаролот  Никола Мемов рече дека на последната седница на Извршниот одбор била усвоена одлука на претстојните избори да настапате со свои советнички листи во 53 општини, плус Градот Скопје. На чело на советничката листа за Скопје е генерал Горанчо Котевски, поранешен началник на Генераштабот на Армијата.

За носител на листата во Аеродром, предложен е поранешниот фудбалер Љупчо Марковски Калц; во Центар Крумислав Мишко Барзов, познат како врвен познавач на настаните во автомобилската индустрија. За носител во Карпош Јасмин Циривири, хирург ортопед во Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје; за носител во Бутел е предложен Ѓорги  Чековски, поранешен кочаркар; за носител во Гази Баба е предложен Зоран Доневски, пензиониран началник во полицијата. Во Ѓорче Петров предложен е уште еден поранешен кошаркар, Тони Симиќ; за носител во Кисела Вода предложен е Сашо Петровски,  приватен стопанственик; и во Чаир Николче Наумов, адвокат, соопшти Мемов.

Извршниот одбор донел одлука за поддршка на независниот кандидат за градоначалник на Кочани д-р Влатко Грозданов, за што прво одлука донесе ВМРО-ДПМНЕ.

Покрај Горанчо Котески на листата на ЗНАМ за Градот Скопје има професори (Билјана Андреска-Богданоска, Горан Ајдински), доктори, како Злате Мехмедовиќ, а таму е и кошаркарскиот тренер Марин Докузовски.