ЗНАМ ги поднесе листите со кандидати за градоначалник и советници

ЗНАМ денес ги поднесе листите со кандидати за градоначалник и советници. Максим Димитриевски е кандидатот за градоначалник, а Ивана Ѓорѓиевска е носителка на листата на советници. Шеф на Општинскиот изборен штаб е Даниел Стојчевски, претседател на општинската организација.
„По одлука на органите и телата на паријата едногласно е одлучено на престојните локални избори наш кандидат за градоначалник да биде повторно актуелниот градоначалник Максим Димитриевски. Нашиот кандидат ќе биде поддржан и од коалицискиот партнер ВМРО-ДПМНЕ. Во однос на листата на советници , тоа се луѓе кои што се релизирани во своето делување, млади луѓе, водевме сметка за полова и регионална застапеност, пред се луѓе кои се мотивирани да работата и творат, и да придонесат Куманово да биде поубаво и европска општина. Согласно сите анализи и анкети ние како политичка партија во оваа кампања влегуваме како апсолутни фаворити и очекуваме на 19 октомври убедлива победа“, кажа на прес конференција Стојчевски.