Знаевте ли дека веќе две децении пролетта пристигнува ден порано?

Во 10:01 часот денеска, 20 март, официјално пристигна пролетта и иако многумина од нас почетокот на оваа сезона го поврзуваат со 21 март, таа веќе две децении пристигнува еден ден порано.
Денеска, 20 март, е рамноденица, односно време на еднаквост на ноќта и денот, што всушност го означува почетокот на пролетта. Во времето на рамноденицата, двете земјини хемисфери подеднакво ги примаат сончевите зраци. Често се вели дека ноќта и денот се еднакви по должина. Всушност, зборот рамноденица доаѓа од латинскиот aequus (еднаков) и nox (ноќ).
Иако многу луѓе на училиште научија дека пролетта започнува на 21 март, во последните две децении пролетта ни доаѓа на календарот на 20 март. Експертите открија дека околу дваесет години пролетта доаѓа еден ден порано, поради два различни методи за одредување на почетокот и крајот на годишните времиња: метеоролошки и астрономски.
Метеоролозите го набљудуваат порастот и падот на температурите и состојбата на атмосферата, а метеоролошката сезона е координирана според календарот, секоја сезона трае три месеци. Со овој метод пролетта трае од 1 март до 31 мај.
Вториот метод се базира на астрономските годишни времиња, а се однесува на положбата на орбитата на Земјата во однос на Сонцето. Астрономскиот календар ги одредува годишните времиња според тоа кога ротационата оска на Земјата е на 23,5 степени во однос на нејзината орбита околу Сонцето, така што пролетта пристигнува на 20 март во последните години.
Пролетта го симболизира повторното раѓање на северната хемисфера на Земјата кога сè во природата се буди. Многу култури имаат пролетни фестивали, со Јапонија, Индија и Непал особено значајни. Доаѓањето на пролетта се слави со игра и песна, а учесниците на фестивалот си фрлаат различни бои едни на други. Фестивалите ја слават и победата на доброто над злото.