ЗМАИ ќе го претстави извештајот „Следење на конвергенцијата на Западен Балкан кон Европската Унија“
Здружението за истражување и анализи (ЗМАИ) денеска ќе го претстави извештајот „Следење на конвергенцијата на Западен Балкан кон Европската Унија“ по што ќе следува панел-дискусија.
Како што информира ЗМАИ, настанот ќе одговори на прашањето: „Колку години ќе ни требаат да ја стигнеме ЕУ и што да направиме, преку конкретни сценарија, за да го забрзаме овој процес?“
-Ќе бидат презентирани кратки „што-ако“ сценарија со јасни мерки за забрзување на конвергенцијата и скратување на времето потребно за достигнување на европскиот стандард на живеење. По панелот ќе следи свечено доделување на наградата „Млади квантитативни умови – Славица Тодоровска-Цаци“, поддржана од Стопанска банка АД Скопје, соопшти ЗМАИ.
Говорници на настанот ќе бидат: Виктор Митевски – извршен директор на ЗМАИ, Бранимир Јовановиќ – економист во Виенскиот институт, Анита Ангеловска-Бежоска – економистка и поранешна гувернерка на НБРМ,проф. д-р Драган Тевдовски од Економскиот факултет при УКИМи проф. д-р Васко Наумовски од Правниот факултет „Јустинијан Први“ – Скопје.