Жителите на Киев ноќта ја поминаа во засолништа и подруми

Руската војска го стега обрачот околу Киев, а од 4.30 часот по локално време во Киев одекнуваа експлозии.
Советник во украинската влада рече дека срушен е украински авион и дека спречени се повеќе ракетни напади. Во зградите што горат има повеќе повредени. Украинскиот претседател потврди дека има ракетни напади врз Киев.
Жестоки борби траат од вчера. Руските сили напаѓаат од повеќе насоки, а ги поддршуваат сепаратистите од Белорусија. На украинските градови паѓаат проектили, се слушаат сирени, а голем број граѓани ги напуштаат градовите.
Луѓето се криеја во засолништа
Дел од жителите на Киев се кријат о воздушните напади во засолништа и и станиците на метрото. Повеќето со себе имаат само најпотребни работи, а спијат по столици и на картони.
„Многу сум исплашена“
Би-би-си разговараше со Светлана, работник во училиште, која беше на пат до засолниште. Откако ја разбудиле утрото, Светлана примила повик од пријател од Крим. „Војна е“, ѝ рекле.
Светлана брзо ја спакувала торбата која ја понела со себе во засолништето. Има комплет за песење и лаптоп, па може да продолжи да работи на магистерската по психологија.
„Не разбираме што правиме сега – одине на место каде можеме да биде безбедни“, вели Светлана. Но загрижена е за своето семејство кои живеат во Мериопол, пристанишен град на југоистокот на земјата. „не можам да кажам што сѐ чуваствувам, но многу, многу е нервозно. Многу сум исплашена“, вели Светлана.
Дел од жителите на Киев, заштита од руските ракети, синоќа се обидоа да побараат во подрумите на зградите и училиштата.
„Мора да ја браниме својата земја“
Би-би-си вчера разговораше и сое ден од 900.000 резервисти на војската Марко, кој вели дека е подготвен да биде повикан во борба со Русија.
„немаме друг начин. Мора да ја браниме својата земја. И можеби ќе умреме во оваа војна“, вели тој. Подготвен е да биде убиен борејќи се за секој сантиметар од Украина.
„Тоа е само еден начин – ако нашата војска ми дојде и каже дека морам да умрам за својата земја, ќе го направам тоа.“