Жител на Нов Дојран загина откако во него удри возило „шевролет“
Пешак од Нов Дојран го загуби животот откако вчеравечер во него удрило патничко возило „шевролет“ на главната улица во Нов Дојран.
-Патничко возило „шевролет“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од С.Г.(26) од Гевгелија, вчера во 21:10 часот на улицата „Маршал Тито“ во Нов Дојран удрило во пешакот Д.Ѓ.(48) од Нов Дојран. Тој починал на местото на несреќата, а смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош, соопшти МВР.
Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Гевгелија.