Жесток напад на ВМРО-ДПМНЕ на претседателот на синдикатите, Трендафилов


Слободан Трендафилов (Фото: Б. Грданоски)

 

Од нападите врз партиите и нивните политички лидери ВМРО-ДПМНЕ се префрли и врз синдикалците. По вчерашниот успешен протест на ССМ за поголема плата владејачката партија го стави на нишан лидерот на синдикатите Слободан Трендафилов обвинувајќи го дека одбил зголемување од 40 отсто на платата во следните две години. Плус, дека бил маша на СДСМ и Левица.

„Слободан Трендафилов е единствениот синдикалец на светот кој е против поголеми плати за работниците и е политичка маша на СДС, ДУИ и Левица.

ССМ и Слободан Трендафилов одбиле 40 отсто покачување на платите во следните 2 години на штета на работниците.

Слободан Трендафилов како прв синдикалец не застана во одбрана на работниците.

ССМ и Трендафилов не го поздравија досега ниту еднаш колективниот договор во образованието и здравството, ниту пак ги поздравија зголемените плати во МВР, Министерство за одбрана и во центрите за социјална работа.

Трендафилов е политичка марионета на СДС, а доказ за тоа е што договорот кој тој лично заедно со екс министерката за труд и социјална политика, а сегашна потпретседателка на СДС, Јованка Тренчевска го потпишале е истечен, со што се отвора можност за нов колективен договор, за кој Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ предлага административните службеници да добијат 40 отсто повисоки плати за 2 години.

Одбивањето да се потпише нов колективен договор, иако стариот е истечен, јасно покажува дека кај ССМ нема волја за подобрување на стандардот на работниците. Трендафилов е политичка марионета на СДС, ДУИ и Левица“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.