Со ова, изјавите на министерот Муцунски, во кои изнесе низа на невистинити информации за мојата работа како амбасадор во Романиј и дефинитивно стануваат основ за правна одговорност (клевета) за повреда на мојата чест, углед и личен и професионален интегритет.
Тој јавно изнесе клевети дека во Романија сум направил “дисциплинско прекршување на правилата на дипломатското работење коишто се навистина ноторни”. Неговата партија отиде чекор понатаму, па си дозволи на подмолен и крајно вулгарен начин да соопти дека “Жерновски не’ избламира пред членка на ЕУ”.
 
Вака, со дописот од официјален Букурешт, сите лаги и конструирани напади врз мене паднаа во вода. Инаку, црната кампања започна со веста дека, наводно, сум се степал на официјален прием во романскиот главен град и тоа во присуство на нивната министерка за надворешни работи. За таквата ступидна афера, мошне брзо добија жестока шлаканица во вид на дипломатска нота, па мораа да се извинуваат и да се правдаат.
 
Она што ќе остане е срамот на една партија, на еден министер и на една влада, кои во пустата желба за инсталирање на партиска дипломатија, ја избламираа државата и го доурнисаа тешко стекнатиот авторитет на нашата надворешна политика. Така вообичаено, барем на меѓународна сцена, завршуваат незрелите обиди за дискредитирање на оние кои размислуваат поинаку.
 
Истовремено, со вака изнесените невистини за амбасадор на државата, токму министерот е тој кој предизвика штета на интересите на државата и негативно влијае на угледот и кредибилитетот на нашата држава, која е должна да постапува согласно меѓународното право, дипломатските правила и обичаи. Со тоа, и дефинитивно се создадоа услови за скорешен почеток на судски процеси против него, кои очекувам да завршат со конечни и правосилни одлуки. Секој мора и ќе одговара за своите постапки.
 
Министерот Муцински има рок од 3 (три) дена јавно да ми се извини за сите изнесени лаги и клевети. По истекување на овој рок, со него ќе се гледаме на суд“, напиша Жерновски на социјалните мрежи објавувајќи фотографија на која се гледа како ги предава акредитивите во романското МНР, но не успеја кај претседателот бидејќи во меѓувреме ВМРО-ДПМНЕ дојдоа на власт и му ја стопирале постапката.