Жена нападнала 19-годишна девојка по недоразбирање во сообраќај

Млада скопјанка била нападната од жена во скопски Аеродром по претходно недоразбирање во сообраќајот.
– На 29.09.2025 во 21:50 часот во СВР Скопје, Д.Т.(19) од Скопје пријавила дека околу 20:40 часот на подрачјето на општина Аеродром, по претходно недоразбирање во сообраќајот, била физички нападната од едно женско лице, стои во полицискиот билтен.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.