Земјотрес во Херцеговина, епицентарот кај Груд

Денеска околу 10:30 часот силен земјотрес со јачина од 4,5 степени според Рихтеровата скала е регистриран на седум километри од Груд.
Според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC), земјотресот бил со јачина од 4,5 степени според Рихтеровата скала на длабочина од осум километри.
Земјотресот е регистриран на седум километри од Груд и на 39 километри од Мостар.
Според сведоштвата на граѓаните, земјотресот бил силен и траел 10-15 секунди.
„Силен татнеж“, „Силен земјотрес“, „Добро се затресе“, „Непријатно силен“, „Трсеа работите“… ова се само дел од коментарите на сведоците на земјотресот.