Земјотрес во Босна и Херцеговина: „Добро тресеше“


Земјотрес со јачина од 4,2 степени според Рихтеровата скала го погоди подрачјето на Херцеговина, потврди ЕМСЦ.

Епицентарот на земјотресот бил на седум километри од Груд, а на 37 километри од Мостар.

Земјотресот е регистриран на длабочина од 7 километри.

Според сведоштвата на граѓаните кои ги споделија своите искуства на страницата земјотресот силно се почувствувал.