Земјотрес во Албанија, се почувствува и во Македонија
Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје соопшти дека денеска бил регистриран земјотрес чиј епицентар бил во албанија, но се почувствувал и во нашата земја.
„Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес 24 јануари 2025 година во 14 часот и 39 минути регистрираше земјотрес чиј епицентар се наоѓа 173 км западно од Скопје, во Република Албанија, со Рихтерова локална магнитуда ML4.1.
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во северозападнитеделови на Републиката со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала“, се вели во соопштението до медиумите.