Земјотрес почувствуван во Македонија, епицентарот во Албанија


Земјотрес со интензитет 3,8 степени според Рихтер денеска во 14 часот и 32 минути по локално време ја потресе Албанија. Епицентарот на земјотресот е на 29 километри од Драч или 40 километри од Тирана и истиот беше на длабочина од 19 километри.

Според коментарите на граѓаните кои го почувствувале земјотресот, тој бил краткотраен но силно се почувствувал.

Земјотресот беше почувствуван и во Македонија, но не со толкава јачина.

И вчера исто така земјотрес со јачина од 3,1 степени по Рихтер беше регистриран во 14.08 часот во Албанија, а истиот бил почуствуван и во југозападниот дел на земјава, односно во охридското подрачје.

Како што пренесе ЕМСЦ, епицентарот на земјотресот бил на 19 километри од градот Корча.