Земјотрес од 6,9 степени ја затресе околината на Лариса
Земјотрес од 6,9 степени само што ја затресе околината на Лариса. Според грчката агенција АНА сепак тој бил од 5,9 степени, но разните центри за мерење на земјотреси објавуваат различна силина. Епицентарот се уште не се знае, но земјотресот беше со таква сила што се почувствува и во Скопје.

Според првите информации тој е регистриран на 121 километри од Солун и 25 километри од Лариса, трет најголем град во Грција. Епицентарот бил во длабочина од само 10 километри. Се уште нема информации за евентуални жртви или штета.
По големиот земјотрес според грчките медиуми се случил уште еден од 4,6 степени по Рихтер со фокус на 7 километри северозападно од Еласона. (Н.В.)