Земјотрес од 6,2 степени на Крит


 

Земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала почувствуван е денеска во Грција, во близина на островот Крит.

Според тамошните медиуми, епицентарот бил во близина на крит.

Земјотресот е регистриран денеска во 11.24 часот (12.24 по локално време),  на 30 километри југоисточно од Закинтос, на длабочина од 10 километри.

Според сведоштвата на оние кои го пошувствувале земјотресот, тој траел 20-тина секунди. Проследен со длабока бучава, а „куќата се помести за 15 см, лево-десно“.

Во куќите паѓале работи од полиците. Дел од нив велат дека по силниот земјотрес, почувствувале повеќе помали.