Земјата утре директно ќе биде погодена од соларна бура
Американска научничка предвидува дека во текот на утрешниот ден Земјата ќе биде директно погодена од соларна бура.
Според д-р Тамита Сков, нашата планета ќе биде директно погодена од соларна бура во текот на утрешниот ден. Преку социјалните мрежи таа ја соопшти оваа вест покрај видео модел на предвидување на НАСА.
Direct Hit! A snake-like filament launched as a big #solarstorm while in the Earth-strike zone. NASA predicts impact early July 19. Strong #aurora shows possible with this one, deep into mid-latitudes. Amateur #radio & #GPS users expect signal disruptions on Earth's nightside. pic.twitter.com/7FHgS63xiU
— Dr. Tamitha Skov (@TamithaSkov) July 16, 2022
Сков е научник во Aerospace Corporation и e наградуван научен едукатор.
„Директен погодок, НАСА предвидува дека Земјата ќе биде погодена од соларна бура на 19 јули“, објави таа во твит, додавајќи дека може да се појават пречки во GPS системите.
The long snake-like filament cartwheeled its way off the #Sun in a stunning ballet. The magnetic orientation of this Earth-directed #solarstorm is going to tough to predict. G2-level (possibly G3) conditions may occur if the magnetic field of this storm is oriented southward! pic.twitter.com/SNAZGMmqzi
— Dr. Tamitha Skov (@TamithaSkov) July 16, 2022
Со оглед на фактот дека Сонцето сега е во активна фаза на својот 11-годишен соларен циклус, се очекува зголемен број на вакви инциденти. Обично можат да предизвикаат прекини во GPS навигациските системи кои би можеле да сметаат на летови на мали авиони и на бродови.
Други причини за загриженост нема.