Зеленски: Украина ќе го повлече и оружјето ако се почитува прекинот на огнот


Украинските трупи ќе започнат со повлекување на оружјето на друга локација во источна Украина следната недела ако се почитува прекинот на огнот, изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Изјавата ја даде на крајот на средбата со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, кој ја потврди поддршката на НАТО за борбата на Украина против проруските сили кои ја поддржуваат Русија на исток.

Посетата на Столтенберг доаѓа само неколку дена откако украинските и проруските сили започнаа да го повлекуваат оружјето од линијата на франтот на исток.

Повлекувањето на оружјето на две локации по должината на фронтот се смета за последна пречка пред долгоочекуваните мировни преговори меѓу лидерите на Украина, Русија, Франција и Германија, насочени кон прекин на конфликтот.