Зеленски сакал намерно да се инфицира со Ковид-19


Зеленски во обраќањето пред пратениците пред да побара смена на владата (Фото: Ана Марченко/ТАСС)

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски изјави дека сакал да се инфицира со новиот корона вирус за да им покаже на луѓето со сопствен пример дека „тоа не е чума“.

Сакав да ја поминам таа етапа. За да им биде полесно на луѓето. Кога сме во депресија се собираме. Предложив да бидам заразен и веднаш да бидам изолиран… И ќе го преживеев нормално. Зошто за луѓето тоа да биде нешто страшно кога ќе се разболат. И затоа со сопствен пример сакав да покажам дека тоа не е чума, истакна Зеленски.

Тој додаде дека семејството немало да му го прости намерното заразување со Ковид-19.

– Би кажале дека сум луд. И во принцип би биле во право, наведе Зеленски.