Зеленски: Не знам уште колку ќе бидам жив
Австрискиот канцелар Карл Нехамер Пред парламентот во Виена изјави дека украинскиот претседател Володимир Зеленски му телефонирал напладне, велејќи дека „се јавува од земја за која не знае уште колку ќе постои“.
Зеленски, исто така, рече дека „се јавува како претседател кој не знае уште колку ќе биде жив“, рече Нехамер.