Зелено светло за изградба на пруга до Албанија
Владата денеска ја разгледа и усвои Информацијата за изградба на железничката пруга Кичево – граница со Албанија во две фази и го задолжи Министерството за финансии да достави Барање за изразување интерес до меѓународните финансиски институции и билатерални кредитори за обезбедување на финансиски средства во износ од 426 милиони евра за финансирање на првата фаза од проектот делница Кичево – Струга, како и грант средства за техничка помош на овој проект.
Владата ја усвои и Информацијата со која ја одобри апликацијата за тековни проекти на Јавното претпријатие за железничка инфраструктура Железници на Република Северна Македонија – Скопје за финансирање преку грантови за техничка помош на Инвестицискиот фонд за Западен Балкан (WBIF), сопшти владината прес-служба.