Зборува дури 24 јазици, а чисти теписи за 20 долари на час


Завршил средно и до работното место чистач на теписи во компанијата на неговиот брат нанижал неколку работни места. Работел како обезбедување, доставувач, сликар, јутубер, шетач на кучиња…

Што би сакале да работите ако зборување 24 јазици? Како најдобро знаењето ќе го претворите во пари? Работејќи како преведувач во некоја меѓународна органиозација, ОН или ММФ, или во некоја странска корпорација, на пример Гугл? Американецот Вон Смит (46) зборува 24 светски јазици, а работи како чистач на теписи. За помалку од 20 долари на час.

Неверојатната приказна за хиперполиглотот ја објави новинарката на Вашингтон пост, Џесика Контрера, опишувајќи просечен работен ден на 46-годишниот Смит и неговите разговори со клиентите во чии куќи ги чисти флеките на теписите. Ретко кому зборува за својата љубов – учење странски јазици.

Проучувал 37, осум знае течно, а 24 зборува доволно добро за да води подолги разговори. Се служи и со неколку знаковни јазици. И самоук е. Толку добро го совладал нагласокот на холнадски и каталонски со што ги восхитува изворните говорници од Холандија и од Шпанија. Смит се вбројува во групата хиперполиглоти, а според една дефиниција, тоа се оние луѓе кои зборуваат најмалку 11 јазици.

Скромен е и сака баш да зборува за талентот. Дури и по малку му е незгодно. Не ужива во тоа да импресионира некого со своето знаење. Одамна увидел дека имиња, бројки и датуми памти подобро од другите луѓе. Како дете мислел дека на светот постојат само два јазика англиски кој го зборувал неговиот татко и шпански, кој го зборувала неговата мајка Мексиканка. Му се допаѓало како звучат зборовите на шпански, па почнал да ги проучува францускиот, германскиот, рускиот јазик… Бил фасциниран од секој јазик со кој се сретнал.

Но, во училиште не бил брилијантен. Тешко се концентрирал на материјата, а мајка му дури го однела и на разговор со психолог, кој рекол дека Вон е само „многу, многу интелигентен“.

Во Вашингтон со автобус одел во библиотеката „Мартин Лутер Кинг“, каде имало најголем избор книги на странски јазици.

Завршил средно и до работното место чистач на теписи стигнал преку неколку други работни места.

Живее се болната мајка и сака да пие кафе во кафулиња каде „прислушува“ странски зборови. Сега на ред е учење велшки јазик.