Заврши пописот во Бугарија


Пописот во Бугарија заврши. Податоците од последниот ден сè уште не се сумирани. До 9 октомври, 82 отсто од населението во земјата, што е 5 милиони и 657.000 луѓе, се преброени во Бугарија. Директорот на Националниот статистички институт на Бугарија Сергеј Цветарски изјави дека очекува од сабота и недела да бидат преброени повеќе луѓе. Тој додаде дека ова е низок процент, но оти оваа ситуација настанала од повеќе причини.

Според Цветарски, вистинскиот број нанаселението во Бугарија треба да биде помал од 6 милиони и 916.000. Почетокот на кампањата беше пропратен со блокирање на електронскиот попис поради хакерски напади. Како резултат на тоа, Националниот статистички институт ја продолжи кампањата и отвори околу 40 центри за попис за да им помогне на луѓето. Првите податоци на Институтот за статистика на Бугарија ќе бидат објавени околу 25 декември.