Затвореник нападнал и повредил вработен во затворот „Скопје“


Фото: Б. Грданоски

Затвореник од притворското одделение во затворот „Скопје“, вчера нападнал вработен и му нанел повреди на раката, соопшти МВР.

-На 09.10.2020 во 11:30 часот во СВР Скопје, од притворското одделение во Затвор Скопје било пријавено дека притвореникот Д.Ф. од Скопје со остар предмет нападнал вработен во затворот и му нанел повреди на раката, се наведува во соопштението.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.