Затворен еден од најозлогласените затвори во Мексико
Мексиканските власти денеска го затворија еден од најозлогласените затвори во кој пред три и пол години во немири загинаа околу 50 затвореници.
Гувернерот на државата Нуево Леон Хаиме Родригес рече дека наместо затвор, Топо Чико ќе биде државен архив.
Во тој затвор во судири на две фракции од картелот Зетас во февруари 2016 година загинаа 49 затвореници.
Властите во затворот откриле луксузни келии со сауни, клими, фрижидери, аквариуми, шанкови за храна и пијалаци.
Родригес рече дека неколку претходни администрации не успеале да направат ништо во врска со затворот иако знаеле дека е преполн и вон контрола.
Последната група затвореници вчера е префрлена на други локации.