Застрелан 42-годишник од Тетово најден во неговиот автомобил во близина на селото Нераште
Тетовската полиција информира дека попладнево околу 16 часот е најдено безживното тело на 42 годишник од Тетово, кој бил пријавен од сопругата дека од вчера во 18 часот е излегол од дома и не се јавувал на телефон. Со соопштението на СВР Тетово се наведува дека на стакло од возилото во кое е најден 42 годишник има дупка од испукан куршум и постои првично сомневање дека е застрелан.
Случајот рано утринава во 2 часот во СВР Тетово го пријавила 33-годишната сопруга Б.Б.. Таа пријавила дека вчера околу 18.00 часот нејзиниот сопруг А.Б.(42)се оддаличил од домот со патничко со моторно возило „Ауди“ со тетовски регистерски таблици и не се јавувал на телефонските повици.
-Денес околу 16.15 часот во во ниви атар на село Нераште полициски службеници од Полициско одделение Теарце забележале паркирано возило „Ауди Q5″ со тетовски регистерски таблици. Внатре во возилото е забележано е машко лице, коe не давалo знаци на живот. На возачкото стакло имало отвор од испукан проектил и лицето во пределот на главата билo облеанo во крв со првично сомневање е дека лицето било застрелано со огнено оружје, соопшти СВР Тетово.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по увидот од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Тетово било потврдено дека се работи за А.Б. од Тетово.