Засега само 18 Македонци се вакцинирале на бугарските гранични пунктови


На граничниот пункт „Ст. Лисичково-Делчево“ на бугарско-македонската граница започна вакцинацијата на македонските граѓани против Ковид 19 по иницијатива на д-р Милен Врабевски, јави БГНЕС од регионот.

„Имам задача да отворам два центра на два гранични пункта – граничен пункт Стане Лисичково и граничен пункт Златарево. На два последователни состаноци на министрите беше одлучено Северна Македонија да се вклучи во заштитата од пандемијата. Ако прифатиме дека единствената заштита е вакцинирање, тогаш мора да им помогнеме во врска со вакцините. Затоа организираме вакцинација на границата, со што ќе заштедиме на правење PCR тестови. Удобноста на овие луѓе не е само во вакцинирањето и издавањето на потврда, туку и во олеснување на процесот за да може полесно да стигнат до нас“, објасни д-р Врабевски.

Според него, ова не е само патриотска иницијатива, туку работа во епидемиско опкружување кое ги вклучува и граѓаните на РС Македонија.

„Во соседството има над 120.000 граѓани со бугарски пасош, ние сме должни да размислуваме за тие луѓе таму. Имаме постојани и привремени жители чии семејства и кланови се поврзани со Бугарија. Затоа мора да го следиме примерот на ЕУ за интеграција на Западен Балкан, која се грижи и за спречување на пандемијата“, тврди д-р Врабевски.

Тој беше категоричен дека Бугарите се должни да помогнат бидејќи како што рече,„овие луѓе не се само наши браќа, туку се составен дел од епидемиската средина“.

Д-р Врабевски објасни дека се размислувало и за бугарските заедници во Молдавија и Украина, но невозможно е да се покриеле сите кои имаат потреба, бидејќи не се пронајдени решенија.

Тој истакна дека „вакцините не се носат од едно на друго место“. Вакцини има за секого, дури и според официјалните податоци има 1,5 отсто повеќе во ЕУ, а според неофицијалните податоци – двојно повеќе од потребното.

Во моментов се регистрирани околу 2.000 лица од Северна Македонија за вакцинирање. Пријавувањето за вакцинација се врши по телефон со презентирање бугарски матичен број, но и лицата што го немаат нема да бидат вратени.

Д-р Врабевски исто така објасни дека со новата одлука на бугарската влада за промена на процесот на имунизација, можеби е потребно да се подготват одново  списоците на оние кои сакаат да се вакцинираат, бидејќи не сите имаат над 60 години.

„Отсекогаш постоело зло, кое работи против нас, дури има и неформална наредба во македонските општини да го вакцинираат населението со кинеската вакцина“, тврди  д-р Врабевски, додавајќи дека Бугарија мора да покаже присуство во Макеоднија, без оглед каква е одлуката на владата за изборот на вакцини. Тој исто така се надева дека ќе бидат издадени потврди за вакцинирање и на лицата кои немаат бугарско државјанство.

Според извештаите на медиумите, во Струмица е отворен центар за вакцинација по  иницијатива на фондацијата „Бугарска меморија“.

„Вакцинацијата на граничниот пункт Златарево започна вчера, а интересот е зголемен. Досега се вакцинирани 18 лица“, рече  д-р Милен Врабевски.